Home » Uncategorized » Караван на пријателството

Караван на пријателството

Од 18-21.05.2016 год ОУ Коле Канински беше домаќин на Караванот на пријателството на сите бившојугословенски држави. Дојдоја гости (наставници и ученици) од Србија- Земун,Хрватска-Осиек, Босна-Бања Лука, Словенија-Крањ и Црна Гора- Херцег Нови. Оваа е втора средба на Караванот под мотото ДЕЦАТА СЕ РАДОСТ НА ЖИВОТОТ- ДЕЦАТА СЕ РАДОСТ НА СВЕТОТ,, кој како Братски средби се реализираа во 80-те години повеќе од 10 години, а сега истите се обновија. Според Агендата беа посетени многу места: Пелистер, Охрид, низ Битола- Музејот, Широк Сокак, чаршијата, с. Буково каде ја видоја постапката на добивање црвена пипер.Презадоволни гостите, но и домаќините поминавме преубави 4 денови. Заедно со гостите, на свечена вечера го прославивме и Денот на училиштето, ја промовиравме Химната и весникот НАДЕЖ на Караванот.


Leave a comment