Ден на училиштето

Ден на училиштето

Со низа пригодни активности го одбележавме Денот на нашето училиште. Се реалзира

  • Средба со сите наградени ученици од натпреварите реализирани во текот на учебната 2015-2016 година
  • Шаховски турнир
  • Ликовна изложба, спортски активности како и
  • Приредба под мотото „Децата се пролетен сјај во месец мај“

Ден на училиштето

patronat.png

Караван на пријателството

Од 18-21.05.2016 год ОУ Коле Канински беше домаќин на Караванот на пријателството на сите бившојугословенски држави. Дојдоја гости (наставници и ученици) од Србија- Земун,Хрватска-Осиек, Босна-Бања Лука, Словенија-Крањ и Црна Гора- Херцег Нови. Оваа е втора средба на Караванот под мотото ДЕЦАТА СЕ РАДОСТ НА ЖИВОТОТ- ДЕЦАТА СЕ РАДОСТ НА СВЕТОТ,, кој како Братски средби се реализираа во 80-те години повеќе од 10 години, а сега истите се обновија. Според Агендата беа посетени многу места: Пелистер, Охрид, низ Битола- Музејот, Широк Сокак, чаршијата, с. Буково каде ја видоја постапката на добивање црвена пипер.Презадоволни гостите, но и домаќините поминавме преубави 4 денови. Заедно со гостите, на свечена вечера го прославивме и Денот на училиштето, ја промовиравме Химната и весникот НАДЕЖ на Караванот.

Екопакет

И оваа учебна година нашето училиште учествува на натпреварот во организација на Екопакет Македонија. Им посакуваме среќа на целиот Еко тим.

Симулација на пожар

Со помош на ТППЕ-Пожарна, Црвен крст, Брза помош,Полицијата, Општина Битола и Дирекцијата за заштита и спасување- успешно се реализира Симулацијата на пожар. И нашите Тимови за елементарни непогоди и Прва помош-одлично го организираа Настанот!

https://www.youtube.com/watch?v=KVnCskcTQKU

Награди…

Средба со наградените ученици по Биологија на Општинско и Регионално ниво. Честитки за учениците од 6 и 8 одд и за менторот Весна Баковска

Отворена е базата со прашањата за екстерно проверување

Почитувани ученици и родители, на следниот линк можете да ги најдете прашањата за екстерно проверување за учебната 2015/2016.

Прашања за екстерно